Јуниорите убедливо поразени на стартот на ФИБА Челинџерот во Скопје

255

Машката јуниорска кошаркарска репрезентација на Македонија со пораз го почна ФИБА Челинџерот во Скопје. Вечерва во последниот меч од 1. коло во групата „А“, нашите млади надежи беа убедливо совладани од силната Хрватска со 108:77.

„Коцкестите“ уште во првата четвртина покажаа „кој е кој“ на овој меч, правејќи разлика од 14 поени. Потоа беше јасно дека единственото непознато до крајот ќе биде кош-разликата со која гостите ќе го добијат мечот.

Во нашиот став се истакнаа Митревски со 13 и Мемед и Наков со по 11 поени. Кај Хрватска дури 6 кошаркари имаа двоцифрена реализација.

ПретходноАрсенал со првата понуда за Медисон
СледноЛШ: Ц. Звезда со играч помалку само до реми со Шериф Тираспол (ВИДЕО)