Ајнтрахт го продаде Амин Јунес, а ќе го купи Хауге од Милан

303

Германскиот бундеслигаш Ајнтрахт Франкфурт го продаде репрезентативецот Амин Јунес во клуб од Саудиска Арабија, а ќе има нов играч на неговото место. Јунес кој има осум настапи за Германија и екс-играч на Наполи и Ајакс реши да си замине од Ајнтрахт и да ја прифати понудата на клуб од Саудиска Арабија. Името на клубот не се знае но се шпекулира сума од 10 милиони евра пренесува „Скај спортс Германија“.

А Германците веднаш тргнаа по талентот на Милан Јенсе Петер Хауге. Првата понуда на Германците од 7 милиони евра „Росонерите“ ја одбија, но клубот од Франкфурт ќе испрати подобрена понуда од околу 12 милиони евра со што ќе се задоволат барањата на миланскиот клуб за реализација на трансферот.

Хауге е норвешки репрезентативец, а во Милан дојде во 2020 година. Претходно играше за Бодо/Глимт.

ПретходноКени го стигна Вигинс во категорија најодликувани Британци на Олимпијадите
СледноБајиќ: Задоволен сум од играта на момците, особено во првото полувреме