Вардар1961 на „Хумел Куп“ ќе игра со Холстебро

217

Домаќинот на турнирот „Хумел Куп“ на кој ќе игра и Вардар1961, ги објави полуфиналните двојки и термините на одигрување на натпреварите. Покрај Вардар1961 на турнирот ќе играат и екипите на Холстебро, Горење и домаќинот Магдебург.

Турнирот ќе се одржи на 21 и 22 август во Магдебург. Домаќинот ги одреди полуфиналните двојки кои ќе се играат првиот дем, на 21 август. Вардар1961 во полуфиналето во 16 часот ќе игра со Холстебро. Во второто полуфинале се среќаваат Горење и Магдебург (19 ч.)

Следниот ден, 22 август се натпреварите за пласман. Мечот за 3 место е во 12,30 часот, а финалето е во 15,30 ч.

Пред одигрување на овој турнир, Вардар1961 ќе настапи на Супер Купот каде се среќава со Еурофарм Пелистер, на 11 август. Исто така од 12 до 15 август вардарци ќе настапат и на турнирот во Струга каде дополнително ги

чекаат ривалите во групата.

Турнирот во Магдебург ќе биде последна проверка пред настапот во четвртфиналето од СЕХА лигата каде Вардар игра со ППД Загреб.

ПретходноСреќните чорапи на Парондо (ФОТО)
СледноШкупи се вакцинираше во пресрет на новата сезона! (ФОТО)