Џејсон Кени го изедначи рекордот на сер Бредли Вигинс во најодликувани британски спортисти на Олимпијадите. Кени заедно со Вигинс имаат по осум медали од Олимпијадите што е најдобар британски скор. Сите се освоени во велосипедизам.
Кени денеска го освои сребрениот медал во тимски спринт завршувајќи со послабо време од холандскиот тим кој освои злато и постави олимписки рекорд од 41.369 секунди.
Кени сега има шест златни и два сребрени медали.