Немања Бјелица, еден од најдобрите српски кошаркари останува во НБА лигата. Иако се водеше “војна“ меѓу Партизан и Ц. Звезда за неговиот потпис, сепак тој одлучи да ја прифати понудата на Голден Стејт Вориорс. Па така овој кошаркар во наредната сезона во НБА лигата ќе игра заедно со Стеф Кари, Клеј Томпсон, Дејмонд Грин.
Бјелица донеодамна беше член на Сакраменто, но потоа беше трејдуван во редовите на Мајами.
ФОТО: Nemanja Bjelica twitter