Узбекистанецот Елдор Шомудродов од денеска и официјално е нов член на тимот на Рома. Тој е претставен во клупскуите простории како ново засилување, и ќе биде предводник на нападот на „Волчицата“ во следниот период.
Шомуродов потпиша договор до 30 јуни 2026 година, а Рома ќе плати 17,5 милиони евра плус бонуси на Џенова, неговиот досегашен клуб.