Џо Харт е нов голман на Селтик

179

Поранешниот англиски репрезентативец Џо Харт ќе биде новиот голман на шкотскиот великан Селтик. 34-годишниот чувар на мрежата одлучи да си замине од Тотенхем каде што беше тврда резерва, а клубот од Лондон се договори со Селтик за негов трансфер на „Селтик парк“. И самиот Харт се договори околу личните услови, па во текот на денешниот ден или утре ќе биде комплетиран трансферот. Засега нема информации каква е зделката, се шпекулира дека искусниот голман ќе потпише постојан договор и дека нема да е на позајмица.

Харт претходно играше за Барнли, Вест Хем, Торино, Манчестер Сити…

Досега Селтик, кој минатата сезона беше симнат од врвот на шкотскиот фудбал од страна на ривалот Ренџерс, во досегашниот дел од преодниот рок донесе пет играчи – Лиам Шо и Осазе Урогиде од Шефилд Венздеј, десното крило Лиел Абада од Макаби Петах Тиква, шведскиот централен бек Карл Старфелт од Рубин и јапонското лево крило Кјого Фурукаши од Висел Кобе.

ПретходноФаланга, Комити, Лозари и други навивачки групи гасеа пожар во Кочани
СледноМеталург замина во Маврово каде ќе ја одработува втората фаза од подготовките (фотогалерија)