Американката Сидни Меклафлин постави нов светски рекорд во финалето на 400 метри со пречки и го освои златниот медал на првата финална атлетска дисциплина ова утро.
Меклафлин беше фаворитка на трката и тоа го оправда со соборување на нејзиниот светски рекорд, стар само еден месец. Новиот светски рекорд во оваа дисциплина е 51,46, 44 стотинки подобар од оној со кој Меклафлин дојде на оваа Олимпијада.
За двоен успех на Американките на оваа делница се потруди Далиа Мухамад, која истрча 51,58 доволно за сребрен медал.
Бронзата отиде на градите на Холанѓанката Фемке Бол.