Стоилов промовиран во Зира

994

Ѓорги Стоилов, играчот од средниот ред ќе го носи дресот на Зира од Азербејџан. Тој денеска беше промовиран во екипата како ново засилување.

25-годишниот фудбалер досега настапуваше за Академија Пандев, а во минатото беше дел од Хоризонт Турново.

Стоилов потпиша со Зира на 2 години, со можност да биде продолжен на уште една.

ПретходноИОК почна истрага: Кинески велосипедистки се појавија со значки со ликот на Мао Це Тунг
СледноВатерполо ЛОИ: Србија преку светскиот првак до полуфинале