Јуниорите во финишот славеа над Грузија во вториот меч од Челенџер купот

225

По поразот од Хрватска, машката јуниорска кошаркарска репрезентација на Македонија забележа победа во вториот меч од ФИБА Челенџер во Скопје. Вечерва нашите млади кошаркари славеа против Грузија со 69-66 благодарение на поснаодливоста во финишот на мечот. На полувреме беше изедначено (30-30), Грузијците водеа по третата четвртина, но во последната македонските кошаркари направија пресврт и победија.

Најефиксни кај нашиот тим, воедно и на мечот беа Андреј Митревски и Филип Наков со по 19 поени, а Резард Мемед реализираше 15 поени.

Следниот меч на Македонија е против Шпанија (утре), потоа против Србија (на 7 август) и на крај против Германија (на 8 август).

ПретходноХрватот Граниќ е нов кошаркар на Кожув
СледноКаратистката Јовановска елиминирана во првата рунда на ЛОИ