И натаму не стивнуваат реакциите по победата на италијанскиот атлетичар Марсел Џејкобс на 100 метри на ЛОИ во Токио. Најпрво неговиот успех го оспорија Британците, а сега и најбрзиот атлетичар во светот, Јусеин Болт.
Британците го обвинија Џејкобс за допинг, а сега Болд се „пожали“ на патиките кои ги носел Италијанецот.
Јамајканецот го најде проблемот во неговите патики, за кои кажа дека биле „чудни и невообичаени“ и тврди дека тие му помогнале на Џејкобс за успехот.
Патиките кои го носеше Италијанецот тежат 173 грама, со ѓон од карбон и сето тоа овозможува за подобра стабилност и подобрување на забрзувањето.