Ватерполо репрезентацијата на Србија обезбеди пласман во полуфиналето на ЛОИ откако ја совлада селекцијата на светскиот првак Италија со 10:6. За победата пресуден беше првиот дел, кој Србите го одиграа на високо ниво, а потоа само го одржуваа водството.
Првата четвртина ја добија со 5:2, а втората со 4:1, со што потоа задачата им беше олеснета.
Италија се обиде да врати, нивната одбрана проработе во третата четвртина, меѓутоа тоа беше премаку.
Голманот Митровиќ е најзаслужен за победата и собра 15 одбрани. Филиповиќ постигна три гола.
Србија во полуфиналето ќе игра со САД кои ги победија Шпанците со 12:8.