Денеска паѓа рекордот на трансфер во Премиер-лигата

691

Манчестер Сити денеска треба да го потврди трансферот на Џек Грилиш од тимот на Астон Вила. „Граѓаните“ ќе платат за него цели 100 милиони фунти, со што ќе биде срушен рекордот на трансфери.

Капитенот на Астон Вила би требало да потпише петгодишен договор со тимот предводен од Пеп Гвардиола. Дали ова значи дека Хари Кејн, кој исто така е поврзуван со Сити ќе има затворена врата, или и тој ќе биде ангажиран, останува да е се види.

За Кејн исто така се шпекулира цифра од 100 милиони фунти.

ПретходноВатерполо ЛОИ: Србија преку светскиот првак до полуфинале
СледноХерта го ангажираше Ибишевиќ, ама како тренер