Пред извесно време важеше за голем талент, дури некогашниот селектор Игор Ангеловски го повикуваше во А репрезентацијата и му даде шанса да настапи, а изјавуваше дека Марио Младеновски е голема надеж на мак – фудбалот. И каде заврши толку фалениот Младеновски?
Е, па во моментов игра за вториот тим на Ботев Пловдив, во меч од Втората лига на Бугарија и тоа против екипата на Левски Лом.
Инаку младиот Младеновски својата кариера ја започна во младинската школа на Металург, потоа се пресели во Вардар каде и дебитираше за првиот тим. Минатото лето направи трансфер во Данска, во тимот на Фремад Амагер, но по шест месеци се пресели во Бугарија, во Ботев Пловдив.
А денеска игра за вториот тим на Ботев, во втората бугарски лига.