Ериксен се појави на тренингот на Интер!

376

Кристијан Ериксен се појави на тренингот на Интер, и ги изненади своите соиграчи. Во базата „Апијано Џентиле“ Данецот пристигна да ги поздрави своите соиграчи, и беше воодушевувачко за сите.

Данецот и натаму се рехабилитира по срцевиот удар кој го доби на мечот со Финска на ЕУРО 2020, и не е познато дали воопшто ќе се врати на терените. Тој е убеден дека ќе го стори тоа, но последниот збор ќе го имаат и докторите.

„Утрово Кристијан Ериксен дојде да ја посети екипата во „Апијано Џентиле“. Прекрасно е што го гледаме Кристијан насмеан меѓу нас. Може да се каже дека тој напредува, се наоѓа во одлична физичка и ментална форма. Ериксен се сретна со клупските директори, тренерот и соиграчите. Тој ќе ја следи рехабилитациската програма пропишана според данските лекари. Нашиот медицински персонал ќе биде информиран за целокупниот процес“, објави тимот на Интер.

ПретходноЛејно блескаше против Холандија, Французинките во полуфиналето!
СледноИ официјално: Ван Гал е нов селектор на Холандија!