Maкедонската селекција ја запиша првата победа под водство на новиот селектор Драган Бајиќ. По поразот од Црна Гора на првиот контролен меч, избраниците на Бајиќ славеа со 65:58 на вториот тест меч со Црногорците во Скопје.
Во првата четвртина направија двоцифрена предност од 12 поени (20:8). Работите за нашата селекција почнаа да одат во добра насока уште на почетокот на вториот период од играта. Со серија од 19-4, направивме резултатски пресврт.
Македонија поведе со 27:24. Две минути подоцна имавме и највисоки 34:27. А одличната втора четвртина во која реализиравме 30. поени ја завршивме со предност од 38:31. Џејкоб Вајли ги погоди сите пет обиди од поле, имаше 10.поени.
По три одиграни четвртини, Македонија водеше со 49:48. Во оној последниот, одигравме навистина добро во одбраната. Им дозволивме на Црногорците да реализираат само шест поени за осум и пол минути. Доволно да имаме предност од 61:54.
Освен Вајли, во вториот дел, до двоцифрен ефект стигнаа и Мекиќ (12) и Магдевски (10. поени). По реализацијата на Вајли (негов 15.поен), имавме плус од девет поени (63:54). Недостижни за противникот, и голем плус за нашиот сениорски состав во пресрет на продолжението на подготовките за настап во претквалификациите за Светскиот Куп во 2023 година.
На овој натпревар, во официјалниот записник во нашата селекција ги немаше Лејсон Зекири и Валмир Какруки.
МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА 65:58 (8-20; 30-11;11-17; 16-10)
МАКЕДОНИЈА: Крстевски 0, Ефремовски -, Трајковски 8, Стајиќ 6, Николов 4, Марковски 5, Робев 2, Магдевски 10, Мекиќ 12, Андоноски 3, Миловановиќ -, Вајли 15, Симиќ -;
ЦРНА ГОРА: Дробњак 9, А. Поповиќ 4, Д. Николиќ 0, Радончиќ 9, Врбица 0, П. Ѓуришиќ 4, Тодоровиќ 13, Спасојевиќ 6, Кљајиќ 0, Ф. Баровиќ 2, З.Николиќ 2, П.Поповиќ 9;