Интернационалниот олимписки комитет започна истрага откако две преставнички на кинескиот велосипедски тим носеа значки со ликот на поранешниот претседател и лидер на Комунистичката партија на Кина, Мао Це Тунг, на нивните тренерки за време на доделувањето на медали на Игрите во Токио .
Портпаролот на ИОК, Марк Адамс, изјави дека од Кинескиот олимписки комитет било побарано да испратат извештај за инцидентот. Станува збор за велосипедистките Бао Шан и Жонг Тианси кои своија златен медал во спринтот во понеделникот. Тие се појавија на доделувањето на медалите со значки со ликот на Мао Це Тунг, кој беше шеф на Кинеската комунистичка партија од 1949 до 1976 година.
Оваа акција на кинеските олимпијци може да претставува кршење на правилата на Олимпијадата, кои забрануваат изразување политички, верски или расни пораки или пропаганда.