Одбојкарите на Србија ја совладаа Италија со 3:0 во еден од најинтересните мечеви во четвртфиналето на женскиот одбојкарски турнир. Србија одигра скоро перфектен меч добивајќи ги трите сета прилично убедливо (25:21, 25:14, 25:21) и со тоа визираше место во битката за медалите.
Србија ја оствари седмата последователна победа против Италија и сега против САД во полуфиналето, идентично како и пред 5 години во Рио ќе се борат за влез во големото финале.
Претходно, Јужна Кореја со 3:2 славеше над Турција, додека Американките беа доминантни со Доминиканската република славејќи со 3:0. Во последното четврфинале ќе играат Бразил и Русија.