Андре Де Грас од Канада е новиот олимписки шампион на трката од 200 метри. Канаѓанецот ја заврши трката за 19.62 секунди, што беше доволно за најблескавото одличје. Воедно тоа беше национален рекорд за Де Грас.
Кенет Беднарек од САД го освои второто место со личен рекорд од 19.68, додека брозната ќе заврши на градите на Ноа Лајлс исто така од САД.