Македонската фудбалска репрезентација до 17 години ја совлада Романија со 1:0 во меч што се одигра во Буфтеа фудбалскиот центар во Романија. Стрелец на голот за македонскиот тим беше Зани Назифи во 76. минута.
Уште во 3. минута Назифи постигна гол кој беше понштен поради офсајд, во 18. минута Митров се најде во шанса но противничкиот голман одбрани. Во 72 минута Романците добија пенал, а го одбрани Стојановиќ.
На 6 август избраниците на Тони Јакимовски ќе одиграа уште еден тест меч со Романија.
За Македонија У17 играа: Стојановиќ – Аризанковски, Стојилевски, Марковски, Јаневски, Зенделовски, Ѓорѓиевски, Стојанов, Назифи, Елмас, Митров.
Играа уште: Таири, Нухија, Сулејман, Николовски, Манојлов