Нов договор: Алисон Бекер на голот на Ливерпул до 2027!

203

Откако Ливерпул вчера објави дека Фабињо останува во клубот уште неколку сезони, денеска објави дека голманот Алисон Бекер на “Енфилд“ ќе остане најмалку до 2027 година.

Бразилецот го продолжи договорот и со тоа и натаму ќе биде во еден од најголемите клубови во светот.

Алисон Бекер на “Енфилд“ е веќе три сезони, и токму во овој период Ливерпул, и по негова заслуга, освои титули во Премиерлигата и во ЛШ.

Да потсетиме дека Бразилецот во Ливерпул дојде од Рома и тоа во летото 2018 година, кога за него беа платени 72,2 милиони евра, рекордни кога станува збор за голман.

ПретходноФановите на Интер се гневни: Не го чепкајте Лукаку!
СледноВлатко Андоновски: Ќе сториме се што треба да ја освоиме бронзата!