Проблемите со задолжителни PCR тестови, како и големите горештини кои ја зафатија нашата земја, се можни причини поради кои е можно да дојде до одложување на стартот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
Според најавата, денеска во 12 часот прволигашите со Фудбалската федерација на Македонија ќе имаат состанок на кој е можно да се донесе ваква одлука. Останува да се почекаат заклучоците од средбата.