Русија пресилна за Црногорките, закажа полуфинале со Норвешка

186

Ракометарите на Црна Гора беа убедливо поразени во првото женско ракометно четврфинале на ЛОИ во Токио. Тие утрово загубија од бранителот на тронот, Русија, со убедливи 32:26.

Црногорките очајно го започна натпреварот дозволувајќи и на Русија да направи 7:1 на самиот старт и да ја најави победата за полуфинале. До полувремето Црна Гора успеа да се врати на минус 2 (15:17), но во вториот дел се вратија и грешките, по што Русија го приведе мечот до сигурна победа.

Јованка Радичевиќ постигна 10 гола, додека кај Русија блескаа Вјахирева со 8 и Кузњецова со 5 гола.

Противник на Русинките во полуфиналето ќе им биде Норвешка, која беше подобра од Унгарија во второто завршено четврфинале со 26:22. Дале со 7 гола ги предводеше скандинавките до полуфинале.

ПретходноМакедонците ќе го освојуваат Солун
Следно200 навивачи на Динамо и Легија се тепаа на улиците на Загреб (ВИДЕО)