Сидни Меклафлин со нов светски рекорд до злато на 400 метри со пречки (ВИДЕО)

159

Американката Сидни Меклафлин постави нов светски рекорд во финалето на 400 метри со пречки и го освои златниот медал на првата финална атлетска дисциплина ова утро.

Меклафлин беше фаворитка на трката и тоа го оправда со соборување на нејзиниот светски рекорд, стар само еден месец. Новиот светски рекорд во оваа дисциплина е 51,46, 44 стотинки подобар од оној со кој Меклафлин дојде на оваа Олимпијада.

За двоен успех на Американките на оваа делница се потруди Далиа Мухамад, која истрча 51,58 доволно за сребрен медал.

Бронзата отиде на градите на Холанѓанката Фемке Бол.

ПретходноСтеф Кари и Голден Стејт си подадоа рака за нов договор вреден 215 милиони долари
СледноСрбија и САД закажаа полуфинале кај кошаркарките