„Скај спортс“: Лукаку побарал трансфер во Челзи

352

Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку и покрај одличната сезона во Интер во Серија А, побарал од челниците да ја профатат понудата на Челзи со што тој ќе може да се врати на „Стемфорд Бриџ“, пренесува „Скај спортс“.

Челзи за Лукаку понудил 120 милиони евра, а за Белгиецот по 12 милиони евра по сезона!

Лукаку побарал од челниците на Интер да го продадат во Англија со што ќе заработат убави пари, а тој ќе може повторно да игра во Премиер лигата.

Според „Скај спортс Италија“ доколку Интер го продаде белгискиот репрезентативец во Челзи, од таму ќе го побара левиот бек Маркос Алонсо.

Лукаку беше член на Челзи од 2011 до 2014 година со што одигра 35 натпревари, а притоа две сезони беше позајмуван во ВБА и во Евертон. Потоа отиде во Манчестер Јунајтед, а од таму во Интер во 2019 година.

ПретходноKвалификации за ЛШ: Спартак немоќен дома против Бенфика (видео)
СледноАстон Вила го купи Дани Ингс за 25 милиони фунти!