Kвалификации за ЛШ: Спартак немоќен дома против Бенфика (видео)

155

Екипата на Спартак Москва е поразена од Бенфика на првиот меч од 3. квалификациско коло во Лигата на шампионите. На дуелот на „Откритие арена“ во Москва искусната Бенфика ги искористи шансите во второто полувреме и стигна до лесна победа, а со тоа драстично си ги зголеми шансите за пласман во плеј-офот пред пласман во групната фаза.

Стрелци на головите се Рафаел Силва во 51. минута и Жилберто во 74 минута.

Инаку ова е трет меѓусебен дуел меѓу Спартак и Бенфика, а претходните се одиграни во 2012 година со една победа на Спартак (2:1) и една на Бенфика (2:0).

ПретходноКошаркарите им се реваншираа на Црногорците
Следно„Скај спортс“: Лукаку побарал трансфер во Челзи