Србија и САД закажаа полуфинале кај кошаркарките

174

Женската кошаркарска репрезентација на Србија е прв полуфиналист на олимпискиот турнир во Токио. Во тежок и неизвесен натпревар во четвртфиналето, Србинките ја совладаа Кина со 77:70.

По израмнетиот прв дел од мечот, Кина доминираше на стартот на второто полувреме освојувајќи ја третата четвртина со 25:14, но нашиот северен сосед имаше брилијантни завршни 10 минути во кои влегоа со серија од 11:0 и повторно се вратија во предност, која успешно ја одржаа до самата завршница.

Според очекувањата, Американките дојдоа до висока победа над Австралија со 79:55. Стрјуарт со 23 поени ги предводеше Американките на патот до полуфиналето, а одличен меч одиграа и Гринер со 15 и Вилсон со 10 постигнати поени. Србија и САД ја сочинуваат првата полуфинална двојка на женскиот турнир.

ПретходноСидни Меклафлин со нов светски рекорд до злато на 400 метри со пречки (ВИДЕО)
СледноМакедонците ќе го освојуваат Солун