Утре официјална промоција на Благоја Милевски како селектор!

393

Утре во хотелот Лимак во Скопје во 12 часот, ќе има прес-конференција на која ФФМ ќе го промовира новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски.

Милевски ја превзеде селекцијата на 1. август од Игор Ангеловски кому му истече договорот, и ќе бара нов ангажман.

Благоја Милевски беше селектор на младата селекција, а сега добива шанса со сениорите. Ќе дебитира во септември на дуелот со Ерменија на домашен терен. Потоа Македонија ќе одигра и против Исланд на гости и Романија дома.

ПретходноЌе има фудбал во недела, клубовите бараат итна вакцинација за играчите!
СледноВатерполо: Хрватска елиминирана, Унгарија последен полуфиналист