Херта го ангажираше Ибишевиќ, ама како тренер

230

Само одреден период откако објави откажување од професионалниот фудбал, Ведат Ибишевиќ се врати во Херта каде што ќе биде тренер.

Босанецот во иднина ќе се грижи за тренирање на напаѓачите на првиот тим и на дел од младинските тимови.

Ибишевиќ настапуваше во Херта од 2015 до 2020 година каде што оствари 138 официјални настапи и постигна 45 голови.

ПретходноДенеска паѓа рекордот на трансфер во Премиер-лигата
СледноАтлетика 800 метри: Златото за Корир од Кенија