Фудбал ќе има во недела, првенството почнува на 8. август. Ова е одлуката по денешниот состанок со прволигашите во хотелот Хилтон.
Само Шкендија барала одложување поради проблемот со ПЦР тестовите кои се задолжителни пред секој натпревар.
Сите клубови од Владата побарале итна вакцинација за фудбалерите, по одлуката од институциите задолжително тестирање на сите играчи пред секој натпревар.
До вакцинирањето ќе се прават тестирања на сметка на клубовите. Некои екипи веќе завршија со имунизацијата и подготвени ќе ја дочекаат новата сезона.