Напаѓачот на Саутемптон, Дани Ингс е нов член на Астон Вила. Клубот од Бирмингем го објави трансферот, се работи за тригодишен договор, а според медиумите Саутемптон ќе добие 25 милиони фунти!
Ингс е дете на Борнмут, а во 2011 година направи трансфер во Барнли за кого играше до 2015 година, потоа отиде во Ливерпул меѓутоа честите повреди и слабата форма го уназадија во кариерата. Во 2018 година прејде во Саутемптон каде што успеа да се врати и да ја крене формата но и цената. На 67 премиерлигашки натпревари Ингс реализираше 34 гола. Има и три настапи за Англија.
Астон Вила најверојатно ќе остане без Џек Грилиш ова лето, но освен Ингс ги донесе крилото Емилијано Буендија од Норич за 38 милиони евра, потоа Леон Бејли од Баер Леверкузен за 32 милиони евра и Ешли Јанг од Интер како слободен играч.