Она што се најавуваше веќе неколку дена, од денеска е и официјално. Луис ван Гал е новиот селектор на Холандија. Во текот на денот ова го потврди и Фудбалската федерација на Холандија. Искусниот стратег, по третпат во својата тренерска кариера ќе ја води фудбалската репрезентација на Холандија. Да потсетиме дека на последното ЕУРО 2020, “лалињата“ ги водепе Франк де Бур, но по дебаклот со него, Фудбалската федерација на таа земја се реши да му даде шанса на Ван Гал кој во продолжение од квалификациите за СП во Катар 2022 година тој ќе ја предводи Холандија.