Екипата на Динамо Загреб ќе има тешка задача да избори пласман во плеј-офот во Лигата на шампионите откако вечерва одигра 1:1 на свој терен против Легија Варшава во 3. квалификациско коло за ЛШ. За „модрите“ играше само Стефан Ристовски, а капитенот Аријан Адеми поради повреда го прескокна овој меч.
Погодокот за Динамо го постигна Бруно Петковиќ во 60. минута. На нафрлување на Иванушец, напаѓачот на „модрите“со глава го совлада противничкиот голман. Во финишот на мечот на албанскиот напаѓач Ернест Муци му се отвори простор и со шут од далечина го совлада голманот на Динамо за конечни 1:1.
Реваншот е на 10 август во Варшава.
А унгарски Ференцварош со 2:0 ја совлада Славија Прага. Овој резултат е изненадување затоа што Славија важеше за мал фаворит на овој меч. Качараба во 44 минута со автогол донесе водство за Унгарците, а победата ја запечати Каратин од пенал во 50 минута.
Славија ќе има тешка задача да го надополни резултатот на реваншот во Прага.