Само 6 од 20 сопственици на клубови во англиската Премиер лигата се по потекло Британци. Ако трендот на продажба на клубовите продолжи и во иднина, Премиерлигата може да се соочи со комплетно странска сопственичка структура во клубовите кои го сочинуваат англиското национално првенство.
Купувањето на англиски клуб денес изгледа како атрактивна инвестиција до тој степен што дури и клубовите кои се во подолните лиги спаѓаат во нивната сфера на интерес. Најбогатиот Пакистанец, Шахид Кан, е сопственик на Фулам, малезискиот милијардер Тони Фернандез го поседува главниот удел во Квинс Парк Ренџерс, а американскиот магнат Чен Ли стана сопственик на скромниот Барнсли.
Сопственикот на Њукасл, Мајк Ешли веќе повеќе од една година го продава клубот, но никако да се дојде до завршница со Саудијците. Кружат гласини дека наскоро е можна продажба и на Вест Хем, кој засега се уште има Британски газди, порно тајкуните Саливен и Голд.
Во Топ 6 листата на премиерлигаши со домашен сопственик само еден му припаѓа на Англичанец – Тотенхем.
Двајца други британски сопственици кои не планираат да се разделат со клубовите се Тони Блум од Брајтон и Метју Банам од новајлијата Брентфорд.