Ништо од Рома: Џака се договорил со Арсенал, останува до 2025 година

279

Иако беше пред трансфер во Рома, играчот од средниот ред на Арсенал и швајцарски репрезентативец, Гранит Џака, најверојатно нема да го напушти „Емирати“ во летниот преоден рок.

Според новинарот Фабрицио Романо, 28-годишниот фудбалер се договорил со „топчиите“ за нов договор, кој ќе биде со важност до летото 2025 година. Според условите на договорот, платата на Гранит ќе се зголеми. Се очекува клубот наскоро да го објави потпишувањето на новиот договор.

ПретходноИ на женскиот одбојкарски турнир полуфинале Србија – САД
СледноИОК почна истрага: Кинески велосипедистки се појавија со значки со ликот на Мао Це Тунг