РК Пролет тргна со подготовки: Во јубилејната година посакува нов пласман во плеј-офот и во Европа

154

Екипата на Тинекс Пролет ги стартуваше подготовките за новата сезона, во која овој клуб ќе прослави и фантастичен јубилеј – 60 години постоење. Во новата сезона влегуваме со нов тренер, Андон Бошковски го презема кормилото на екипата, но амбициите остануваат исти, најпрвин влез во плејофот, а потоа и обезбедување на пласман во ракометна Европа.

На денешната прва прозивка присутни беа и двете засилувања кои се потпишани за новата сезона, голманот Петковски и десниот бек Голубовиќ.

Задоволство ми е да ви посакам добредојде на овој прв тренинг и да ви посакам многу среќа во наредната сезона. Поголемиот дел од играчите се оние кои лани го освоија третото место и остварија огромен успех, засилени со уште неколку квалитетни ракометари. Ова е сезона во која ќе славиме голем јубилеј – 60 години постоење на Пролет како ракометен колектив и искрено се надевам дека тоа ќе го крунисаме со нови добри резултати“, изјави претседателот Душко Кадиевски во обраќањето кон играчите и тренерот Бошковски.

Воедно, во договор со екипата на Гранолјерс беше донесена одлука двете средби од првото квалификациско коло за Лигата на Европа да ги одиграме на гостински терен во Шпанија. Тинекс Пролет најпрвин понуди двата меча да се играат во Скопје, но Шпанците одбија ваква опција поради строгите протоколи при враќањето назад во земјата. По ова, беше постигнат договор двете средби да бидат одиграни на теренот на Гранолјерс, на 3 и на 4 септември.

ПретходноНазифи донесе победа на селекцијата до 17 години против Романија во пријателски меч (видео)
СледноХрватот Граниќ е нов кошаркар на Кожув