Фановите на Интер се гневни: Не го чепкајте Лукаку!

191

По веста дека Интер би можел да го продаде својот најдобар фудбалер, Ромелу Лукаку, во Челзи и тоа за отштета од 130 милионои евра, фановите на клубот почнаа да се бунат. Не кријат дека се гневни.

Па така денеска еден голем фан на Интер дојде до клупските простори и залепи на влезната врата парче хартија на кое пишуваше – Не го допирајте Лукаку или Не го чепкајте Лукаку.

Тој објасни дека сфаќа дека тоа се многу пари, но тој не би продал ни за 150 милиони.

Ако го продадеме Лукаку тогаш што ни останува? Тогаш и натаму ќе го гледаме Јувентус како освојува титули“ рече покрај другото навивачот на актуелниот шампион на Италија.

ПретходноРенова се пофали со нов дефанзивец!
СледноНов договор: Алисон Бекер на голот на Ливерпул до 2027!