Челзи подготвува нова понуда до Интер за трансфер на напаѓачот Ромелу Лукаку, објави новинарот Фабрицио Романо.
Според изворот, Челзи е подготвен да му понуди на Интер околу 130 милиони евра за да си го врати Белгиецот во своите редови. „Сините“ се подготвени да му понудат на фудбалерот долгорочен договор со плата од 12 милиони евра по сезона.
Претходно беше објавено дека лондонскиот клуб на „нероаѕурите“ им понудил 100 милиони евра, како и дефанзивецот Маркос Алонсо за Лукаку, но Интер ја одбил понудата, бидејќи имаат намера да го задржи напаѓачот.
Лукаку игрше на Челзи од 2011 до 2014 година.