На 10 дена до стартот на новата сезона во Ла Лига, Барселона до гуша во проблеми. Откако Меси и официјално замина од „Камп Ноу“, сега на ред дојдоа и повредите.
Според последните вести од Шпанија, Френки Де Јонг се здоби со повреда на мускулот на десната надколеница и ќе мора да отсуствува на неодредено време.
Барселона загуби со 2:1 од Салцбург вчера во тест-меч, како дел од подготовките на тимот за претстојната сезона. Покрај поразот, Каталонците добија и две повреди. Покрај Де Јонг кој ја напушти играта 7 минути пред крајот на мечот, се повреди и младиот 17-годишен играч Гави, кој има скршеница на вилицата.