Франција e во финалето на ракометниот турнир, Египет и Парондо ќе се борат за бронза

77

Машката репрезентација на Франција е првиот финалист на ракометниот турнир на Олимписките игри во Токио. Избраниците на Жил со 27:23 го совладаа Египет на чија клупа седи поранешниот тренер на Вардар, Роберто Гарсија Парондо.

На полувреме беше изедначено 13:13, а во вториот дел француските ракометари лесно ја полнеа египетската мрежа, а момците на Парондо не можеа да го следат темпото. Франција во финалето ќе игра со подобриот од мечот Шпанија-Данска, додека на Египет му остана борба за бронзениот медал.

Најефикасен кај францускиот тим е Ремили со 9 голови, а Мем постигна 7. Кај Египет Омар реализира 6, а Зеин и Ел Дера по 5.

 

 

ПретходноПратеник во парламентот обезбеди злато за Украина на ОИ во Токио
СледноПрвпат Италија со три злата во атлетика – Стано победи на 10 км брзо одење