Барса до гуша во проблеми: Пред стартот на сезоната се повреди Френки Де Јонг

251

На 10 дена до стартот на новата сезона во Ла Лига, Барселона до гуша во проблеми. Откако Меси и официјално замина од „Камп Ноу“, сега на ред дојдоа и повредите.

Според последните вести од Шпанија, Френки Де Јонг се здоби со повреда на мускулот на десната надколеница и ќе мора да отсуствува на неодредено време.

Барселона загуби со 2:1 од Салцбург вчера во тест-меч, како дел од подготовките на тимот за претстојната сезона. Покрај поразот, Каталонците добија и две повреди. Покрај Де Јонг кој ја напушти играта 7 минути пред крајот на мечот, се повреди и младиот 17-годишен играч Гави, кој има скршеница на вилицата.

ПретходноМеси не е интересен за Сити: „Граѓаните“ потпишаа со Грилиш, следен е Хари Кејн?
СледноЈуниорите одиграа одлично второ полувреме, но Шпанија победи