Рафаел Варан, наводно, слетал во Англија вечерва, каде треба да го финализира трансферот во Манчестер Јунајтед. Како што објави весникот „Мирор“, Французинот треба да оди во карантин пред да замине на лекарски прегледи.
Дефанзивецот на Реал Мадрид треба да им се придружи на „црвените ѓаволи“ во зделка вредна 41 милион фунти и се очекува истата да биде објавена во наредните денови.
Експертот за трансфери Фабрицио Романо потврдува дека Французинот слетал во Манчестер и дека сега треба да ги мине формалностите пред да го потпише неговиот четиригодишен договор.