Вардар подобар од Металург на првата контрола

339

Ракометарите на Вардар1961 победија на денешниот пријателски меч против Металург со 29-24 (15-13) со што го означија почетокот на подготвителниот период во кој ќе се играат натпревари до почетокот на сезоната.

Двајцата тренери им дадоа шанса на сите играчи што ги имаат на располагање и повеќе се внимаваше на воигрувањето и „барањето“ на вистинската постава која треба да го понесе товарот во текот на сезоната.

Металург го отвори добро натпреварот со имаше водство од еден гол предност, а од 12 минута Вардар1961 првпат поведе. Во последните минути од првиот дел „црвено-црните“ дојдоа до 15-13.

Во второто полувреме Вардар1961 беше во водство, иако Металург постојано резултатски беше се враќаше во игра, па и израмнија на 21-21. Вардар направи предност од неколку голови за победа во последните минути на средбата.

ПретходноШкендија ќе мора без Дориев против Тиквеш!
СледноКонференциска лига: Партизан извади реми во Сочи, дебакл за Осијек и Домжале (ВИДЕО)