Вархолм гневен на Американецот и неговите „специјални“ спринтерки!

348

Нови контроверзи со патиките или спринтерките на атлетичарите на оваа Олимпијада. Имено по „специјалните“ спринтерки на Џејкобс, кој го освои златото на „стотката“, сега се говори дека и спринтерките на Реј Бенџамин, атлетичарот кој го освои среброто на 400 м со пречки, биле непрописни. На ова свој коментар имаше Карстен Вархолм, Норвежанецот кој сепак и покрај се го победи Бенџамин во таа историска трка. Интресно Бенџамин го собори светскиот рекорд, но сепак беше втор, зад Вархолм кој истрча маестрална трка и исто беше далеку побрз од својот светски рекорд.

Ова го зема кредибилитетот на спортот. Не знам зошто би ставале такви работи на патиките. Тоа како да сте ставиле трамболина. Тоа се го*на“ искоментра Вархолм.

Имено се шпекулира дека Најк изработил специјални патики за Бенџамин, со боцки на долниот дел, за да може да биде побрз на стазата.

Да, Бенџамин имаше побрзо време од тогашниот светски рекорд, но тоа беше доволно за злато.

Претходно“Марка“ најавува пресврт: Меси никогаш подалеку од Барселона!
СледноПо веста која го потресе светот, се огласи Хорхе Меси: “Марка“ ЛАЖЕ!!!