Дончиќ гневно порача: ФИБА сега веројатно е среќна!

2106

Најдобриот кошаркар на Словенија, Лука Дончиќ тешко го преболе поразот во полуфиналето од ОИ во Токио и тоа во драматичниот финиш, од Франција. Со тоа Словенците останаа без шанса да се борат за златото.

Блокадата на Батум врз Препелиќ беше решавачкиот момент. Сепак Дончиќ својот гнев го упати кон највисоката инстанца.

ФИБА веројатно сега е среќна“ беа зборовите на кошаркарот на Далас.

На прашањето што се случи и зошто таков коментар од негова страна, Дончиќ одговори…

ФИБА се случи“ беше кус Словенецот.

По овој пораз Словенија ја чека битка за бронзата против селекцијата на Австралија.

ПретходноПо 117 години, Реал Мадрид првпат ќе има капитен странец
СледноИ официјално: Стефан Лазаревиќ се врати меѓу „лавовите“!