Каратистката Јовановска елиминирана во првата рунда на ЛОИ

674

Македонската каратистка Пуликсенија Јовановска не успеа да ја мине првата рунда во својата група на Летните Олимписки Игри во Токио. Таа настапи во дисциплината кати која за прв пат е на Олимписките игри, а освои 23,80 поени за првата ката и уште 24 за втората, по што извади просек од 23,90 кој не беше доволен за да го пројде првиот круг.

Првото место и припадна на фаворитката, шпанскката каратистка Санчез Хаиме со просек од 27,43, а покрај неа во следната фаза отидоа уште Лау од Хонг Конг (26,15) и Кокумаи од САД (25,75).

Со нејзината елиминација Македонија остана само со уште еден натпреварувач до крајот на ЛОИ, а тоа е борачот Магомедгаџи Нуров кој ќе настапи на 6 август.

ПретходноЈуниорите во финишот славеа над Грузија во вториот меч од Челенџер купот
СледноТешка повреда на фудбалер на Лестер во пријателски меч (видео)