Срамно. Спринтерите на САД во штафетата 4х100 метри не успеаја да се пласираат во финалната трка. Ова и тоа како го разгневи легендарниот Карл Луис, кој е веројатно најголемиот атлетичар во историјата. Да потсетиме дека Луис има освоено девет злата на Олимпијадите, и затоа има има што да каже од стручен агол. Сите освоени злата му се во скок во далечина, 100 и 200 метри и штафетите 4Х100 метри.
“Тимот на САД во штафетата направи се погрешно. Системот на предавање на штафетите беше погрешен, погрешно се трчаше, се гледа дека нема лидерство. Ова е тотална срамота, ова изгледаше полошо отколку некои деца или аматери што сум ги гледал“ искрен беше легендарниот спринтер.