Во првите натпревари од третото коло од квалификациите за Конференциската лига на УЕФА, белградски Партизан како гостин на стадионот „Фишт“ во Сочи, одигра 1:1 против домашниот состав и успеа да задржи анси во реваншот да се надева на пласман во следната фаза.
Сочи поведе од пенал во 66. минута, но Гомез успеа да израмни само 7 минути подоцна, што беше и конечен резултат на мечот.
Фудбалерите на хрватски Осијек доживеаја вистинска катастрофа на гостувањето кај ЦСКА во Софија, бидејќи беа поразени со убедливи 4:2 во првиот натпревар од третото коло од квалификациите. Бугарскиот претставник постигна дури три гола за само 12 минути, од 30-тата до 42-та минута.
Уште полошо мина словенечки Домжале, кој беше поразен на гостувањето кај Розенборг во Норвешка со 6:1.
Војводина немаше сили против австриски Ласк и во Нови Сад беше поразена со 1:0.