Светскиот првак на 400 метри стана и олимписки првак. Стивен Гардинер од Бахамите беше најбрз на денешната патека со време од 43.85 освојувајќи го златниот медал.
Второпласиран беше Ентони Забрано со 44.08, додека трет Кирани Џејмс од Гренада со време од 44.19.
Изненадувачки, САД останаа без медал, исто како и претходните ОИ.