Меси не е интересен за Сити: „Граѓаните“ потпишаа со Грилиш, следен е Хари Кејн?

410

Манчестер Сити по веста дека Меси не продолжува со Барселона, се уште тврди дека не размислува за потпис со Аргентинецот. Извори блиски до англискиот клуб ја отфрлаат можност да го вклучат аргентинскиот фудбалер во плановите за трансфер, иако многумина веќе ги ставија први на листата на фаворити за неговиот потпис. Втор фаворит секако е ПСЖ.

Според изворите од Англија, „граѓаните“ имаат јасен план во кој Лео Меси не е нивна прва опција. Прв избор за Сити излезе дека е англискиот репрезентативец Џек Грилиш, кој вечерва потпиша договор со „граѓаните“ на 6 години, со трансфер вреден 100 милиони евра.

Исто така, Сити е фаворит и за потписот на Хари Кејн од Тотенхем.

ПретходноПо денешната контрола и Вујо и Марковски задоволни од своите тимови
СледноБарса до гуша во проблеми: Пред стартот на сезоната се повреди Френки Де Јонг